Црна хроника
Претрес во Валандово, пронајдени марихуана, семки од канабис, оружје

На 26.9.2023, во 11.45 часот, во Валандово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово го лишиле од слобода В. З. (48) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, два детекторa за метал и семки од растението канабис.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајо,т против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале.
Случајот во МВР го пријавила 37-годишна битолчанка, а според информациите, децата, во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзината другарка на полови дејствија.
Се преземааат мерки за расчистување на случајот.