Црна хроника
Претрес во Велес, пронајдена дрога
Вчера во 12.50 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода К.Р.(54) од Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, пиротехнички средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. К.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пукање во гостиварско поради нерасчистен долг
Вчера во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(66) од с.Форино, гостиварско.
Тој се сомничи дека претходно во с.Форино, по кратка расправија поради нерасчистен долг, со пиштол пукал кон Ј.Л.(35) од с.Чегране, гостиварско, кој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар за укажување помош.
Од него бил одземен пиштол „Бровинг“ 7,65 милиметри и рамка со четири куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Косовец и Австриец фатени како криумчарат 18 лица од Сирија, заработија кривична
Поднесена е кривична пријава против 61-годишниот У.Х. од Косово и против 27-годишниот К.Н од Австрија поради криумчарење на 18 мигранти од Сирија.
Првиот настан се случил во близина на границата со Грција каде 61-годишниот Косовец бил запрен од страна на полицијата и во возилото што го управувал биле затекнати мигрантите.
„Имено пред 5 дена, на 13.11.2024 во с. Богородица, гевгелиско, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „фиат добло“, при што биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија“ велат од МВР.
Вториот случај е од македонско- српската граница во близина на село Табановце каде државјанинот на Австрија се обидел да и избега на полицијата.
„На 13.11.2024 во с.Табановце, кумановско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени осум мигранти од Сирија. Притоа, тој се обидел да побегне, но бил фатен и приведен“, додаваат од МВР.
Топ
15-годишник со нож пробол двајца малолетници, едниот во автобус на ЈСП
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето во судир со законот извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата.
На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Јавниот обвинител до судијата за деца достави и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.