Црна хроника
Претрес во Македонска Каменица, пронајдена пушка, делови од оружје и муниција
Приведен 30-годишен жител на с. Моштица, општина Македонска Каменица, кај кого било најдено и одземено оружје.
Според информациите од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка „умарех“ во калибар од 4,5 мм, метална цевка од ловечка пушка со должина од 35 см, метална цевка со должина од 55 см и кутија со 119 дијаболи.
Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за убиство во гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.
Црна хроника
Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле
Вчера во 23.20 часот во СВР Скопје, И.С.(44) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба, прскајќи со вода, предупредила лица кои славеле пред нејзината зграда да ја намалат вревата, по што повеќе лица фрлиле со лименки кон неа и ја повредиле.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.