Црна хроника
Претрес во Скопско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице
Полицијата вчера го приведе И. Б. (57) од селото Копаница, Скопско. Имено, по претходно добиена судска наредба за претрес од страна на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, полициските службеници извршиле претрес во домот на И. Б., при што пронашле еден пиштол „стаер“, со две соодветни рамки и 61 куршуми во калибар од 9 мм. Од спроведената истрага утврдено е дека пиштолот потекнува од кражба извршена на 20.1.2023 во домот на М. Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П. И. (25) од Струмица, кој на 23.1.2023 е лишен од слобода затоа што ја убил и веќе издржува мерка притвор од 30 дена.
Воедно, во координација со Управата за извршување на санкциите, вчера, во вечерните часови, извршен е претрес и во КПУ „Идризово“, каде што се пронајдени дополнителни докази во врска со извршеното кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Од страна на СВР Скопје, по комплетно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик до надлежното ОЈО Скопје, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

