Црна хроника
Претрес во скопско, пронајдени пушка и муниција, приведено едно лице
На 2.6.2022 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Единица за интервентна полиција го лишија од слобода З.Г.(58) во с. Орешани, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
Имено, при претрес извршен со судска наредба во дом и помошни простории кај лицето, полициски службеници пронашле и одзеле една пушка и 15 парчиња муниција.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

