Црна хроника
Претрес во Скопје, приведени дилери, пронајдена дрога
На 28.11.2022, во 14.05 часот, пред стан на улицата Варшавска во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода П. М. (32) и Д. И. (34), двајцата од Скопје. За Д. И. била распишана централна потерница по наредба на Основниот суд Скопје 1 за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик.
При преземањето мерки за негово лишување, било дојдено до сознание и дека на подрачјето на Скопје Д. И. врши препродажба на наркотична дрога. Д. И. и П. М. биле лишени пред станот што го користел Д. И. за чување и препакување дрога, при што кај двајцата била пронајдена марихуана.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во станот и биле пронајдени и одземени поголема тегла со марихуана, две кеси со марихуана, една кеса со бела прашеста материја, капсули со кафеава прашеста материја и дигитална вага.
Со судска наредба бил извршен и претрес во стан на улицата Прашка, каде што Д. И. престојувал со својата девојка, при што пред зградата биле пронајдени кеса со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана, кои претходно неговата девојка ги исфрлила од прозорецот.
Д. И. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за издржување на казната, а П. М. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Струмичанец паднал од мопед и починал
Вчера во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.
Црна хроника
Крадел пари од баба му и мајка му: под истрага малолетник од Пехчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе известување против малолетник од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 08.07.2025, пријавениот од паричникот на неговата баба одзел пари, а на 10 и 11.07.2025 од платежната картичка на неговата мајка од банкомат во два наврати подигнал парични средства.
Топ
МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница
МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски.
Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа.

