Црна хроника
Приведена мајката на убиениот Пино Секондо
Маја Трпковска, мајката на убиениот Пино Секондо, заедно со уште две лица од иницијативата ,,Бојкотирам” е приведена во полициската станица Беко. Извори од МВР за ,,Макфакс” велат дека групата е приведена поради нарушување на јавниот ред и мир, додека на плоштадот во Скопје се изведувала НАТО вежбата „Одлучен удар”
,,Попладнево додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“, три лица – Нестор Огинар, како и М.Т. и Д.Д. од ,,Бојкотирам” го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници, односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци”, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

