Црна хроника
Приведени двајца крадци во Куманово: извршиле повеќе кривични дела
Вчера, во 11.30 часот, во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М. Ј. (27) од Тетово и Ш. Ш.(46) од Куманово. Тие се сомничат дека изминатите два дена извршиле повеќе кривични дела.
На 4.9.2023 во Градскиот парк во Куманово физички нападнале вработени во Јавното претпријатие ‘Чистота и зеленило“ и им се заканиле со остар предмет. Истиот ден М. Ј. и Ш. Ш. влегле во угостителски објект на улицата 11 Октомври во Куманово и одзеле чанта.
А на 3.9.2023 се обиделе да одземат чанта од угостителски објект на улицата Гоце Делчев во Куманово. Исто така, кога биле приведени во полициска станица, се обиделе со остар предмет да нападнат полициски службеници.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

