Црна хроника
Приведени двајца крадци од Скопје
Вчера околу 09.00 часот во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје се лишени од слобода С.А.(44) и А.М.(55), двајцата од Скопје. Имено, по преземени мерки и активности е констатирано дека на 07.06.2023 на автобуска постојка во близина на угостителски објект на подрачје на Гази Баба, пријавените одзеле предмет од Н.Т.. При извршениот службен разговор тие го појасниле начинот на извршување на кривичното дело, а одземениот предмет е пронајден кај нив и ќе биде вратен на сопственикот.
Поради основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело „кражба“ казниво по чл.235 и кривично дело „прикривање“ казниво по чл.261 од Кривичниот законик, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

