Црна хроника
Приведени двајца криумчари, превезувале мигранти од Сирија
На 12.10.2022 во 20:30 часот кај место викано Чештево во Валандово, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран ги лишиле од слобода С.С.(45) од Скопје и П.К.(20) од Република Србија, затоа што со патнички возила превезувале лица мигранти од Сирија.
Околу 14:40 часот на локалниот пат за с. Казандол, Валандовско, полициски службеници забележале две патнички возила „шкода“, едното со скопски регистарски, а другото со српски национални ознаки, натоварени со мигранти. Кога ја забележале полициската патрола, возилата застанале, по што возачите и лицата мигранти се дале во бегство.
Набргу, по преземени мерки, во близина на возилата биле пронајдени 26 лица мигранти од Србија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а по пребарување на теренот, во 20:30 часот, биле пронајдени и лишени од слобода С.С. и П.К..
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 418 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Државјанин на Турција нападнат на Бит Пазар, му било оштетено и возилото
Полицијата во Скопје постапува по пријава на државјанин на Турција со престој во главниот град, кој пријавил дека бил пресретнат и физички нападнат на подрачјето на Бит Пазар.
Како што соопшти СВР Скопје, според пријавеното, на 5 јануари околу 17:50 часот, бил пресретнат од лице со иницијали В.Ф. и уште едно лице, по што В.Ф. почнал да удира по неговото возило.
Според пријавата, подоцна повторно бил пресретнат од В.Ф. и уште едно лице, кои физички го нападнале и му го оштетиле возилото.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал партнерката во возило во центарот на градот
Полицијата во Скопје го приведе 36-годишниот Д.Л. од овој град, по пријава за физички напад врз неговата партнерка.
Како што соопшти МВР, вчера околу 13:30 часот, мажот бил приведен по пријава дека на 4 јануари 2025 година, додека се движеле со неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
На автопатот кај Гостивар: Платиле гориво со сомнителни 50 евра, па биле приведени
Двајца мажи биле приведени поради сомнеж за фалсификување на пари, откако на бензинска пумпа кај селото Жеровјане платиле со банкнота за која имало сомнеж дека е лажна.
Се работи за С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б. (24) од Турција кои биле уапсени вчера на автопатот Гостивар–Тетово.
Двајцата околу пладне со „цитроен“ дошле пред бензиската пумпа. Ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана.
Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

