Црна хроника
Приведени двајца скопјани во Арачиново, едниот побегнал од Идризово
Доцна синоќа по три часот по полноќ, во селото Арачиново, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле А.Љ.(31) и А.С.(35) – двајцата од село Арачиново.
А.Љ. бил осуден на казна затвор од осум години и шест месеци за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување на четири години и три месеци од казната. Додека, А.С. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик, велат од МВР.
Лицата биле предадени во Полициската станица Гази Баба, по што ќе бидат спроведено во надлежнита казнено – поправни установи за издржување на казните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.