Црна хроника
Приведени двајца скопјани поради фалсификување пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје вчера ги лиши од слобода лицата А.Л. (43) и Х.Б. (42) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – фалсификување пари.
Приведените на крајот од минатата година во супермаркетот „Тинекс“ во промет пуштиле 20 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари.
При лишувањето од слобода и извршениот претрес кај А.Л. се пронајдени шест банкноти во апоени од 100 евра, шест банкноти во апоени од 50 евра, три банкноти во апоени од 500 денари, една банкнота од 1.000 денари, две банкноти во апоени од 100 денари и една банкнота од 200 денари и притоа е утврдено дека две банкноти од 100 евра и две банкноти во апоени од 500 денари се фалсификувани и подготвени за пуштање во промет од страна на А.Л. Исто така, при претресот кај А.Л. пронајдена е фалсификувана лична карта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

