Црна хроника
Приведени двајца гевгеличани кои превезувале мигранти
Синоќа, во 18:20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.М.(20) и З.М.(22), двајцата од Гевгелија, поради сомнение дека со возило „ауди а8“, со гевгелиски регистарски ознаки, превезувале четири лица мигранти (три од Пакистан и едно од Сирија).
Имено, во 18:20 часот на регионалниот пат Р1102 возилото било запрено за контрола, возачот и совозачот избегале, а во возилото биле пронајдени мигрантите, кои биле сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Набргу, по преземени мерки и по пребарување на теренот биле пронајдени и лишени од слобода П.М. и З.М..
Тие биле приведени во Полициската станица Велес и во координација со Јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по итна постапка по член 418 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.