Црна хроника
Приведени двајца тетовци поради бесправна сеча на дрва

Вчера, во 14.20 часот, во атарот на тетовско Седларево, во месноста Крушица, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И. И. (25) и С. И. (32) од ова село поради бесправна сеча на дрва. Тие се задржани во Полициската станица Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возач со автобус на ЈСП удри во пешак и тешко го повреди

Н.С. (70) вчера беше тешко повреден откако во него удри автобус на ЈСП. Сообраќајката се случила на крстосницата од булеварот „Крсте Мисирков“ и улицата „Петре Ѓорѓиев“ во Скопје.
Автобусот бил управуван од Б.А. (50). Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кавадарчанец удрил во полициско возило, фатен е и приведен

Приведен е кавадарчанец кој со својот автомобил удрил во полициско возило.
– Вчера во 13.25 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.С.(33) од овој град, затоа што при обид да биде легитимиран, А.С., кој бил во паркирано патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, го стартувал возилото и со него удрил во полициско службено возило, појаснија од СВР Велес.
По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Возач со автомобил побегна откако удри и тешко повреди дете во Тетово

Малолетник е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово. По сообраќајката возачот побегнал. Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајната незгода се случила синоќа на кружниот тек од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Гоце Стојчески“.
Повредениот малолетник од село Шемшово е пренсен во Клиничката болница во Тетово каде му се коснтатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.