Црна хроника
Приведени две лица во Тетово, кај нив пронајден хероин

Две лица се приведени во Тетово кај кои е најдена дрога хероин.
Според информациите од МВР, тие вчера биле фатени на крстосницата на улицата Видое Смилевски Бато со улицата Илинденска во Тетово. Полициски службеници од СВР Тетово ги уапсиле Ш. Ф. (30) од с. Чегране, Гостиварско, и М. А. (59) од Гостивар.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
„Мерцедес“ со германска регистрација се запали кај плоштадот во Свети Николе

Автомобил „мерцедес“ се запали синоќа на паркинг во близина на градскиот плоштад во Свети Николе.
Возилото, со германски регистерски ознаки, било сопственост на Т.Ш.(53) од овој град.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР.
Црна хроника
Повредени четири лица во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

Две возила се судрија вчера на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, битолско, пришто повредени се четири лица, од кои едно потешко.
Во несреќата учествувале автомобил управуван од А.М.(50) од Битола, а кај другото возило зад воланот бил И.С.(26) од Кичево.
Според информациите од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола.
Битолчанецот се здобил со тешки повреди, а неговите двајца сопатници, меѓу кои и дете се полесно повредени.
Извршен е увид.
Црна хроника
Пронајдени ловечки пушки при контрола на возило управувано од маж од Кавадарци

Вчера во 12.35 часот во атар на село Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.