Црна хроника
Приведени две лица, при претрес кај нив биле пронајдени рачна бомба и 1000 евра

Денеска околу 14.00 часот, во тетовско Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 48-годишната Х У. од ова село.
При прeтрес извршен во нејзиниот дом со судска наредба било пронајдено експлозивно средство, рачна бомба и 1000 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од неодамна пријавената кражба во куќа во гостиварското село Форино.
Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе и бидат изготвени соодветни поднесоци, додека експлозивното средство е подигнато и транспортирано од Дирекцијата за заштита и спасување.
При претресот, исто така, од слобода е лишен и 52-годишниот С.У., поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.