Црна хроника
Приведени деветмина кичевци поради нелегална сеча

Одделението за внатрешни работи Кичево, вчера приведе девет лица од Кичево, одзеде две товарни моторни возила и шест коњи натоварени со нежигосано огревно дабово дрво, две моторни пили и друг алат и прибор.
Мерките се преземени на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, како и во шумскиот појас кај кичевското село Челопетци.
Дрвната маса е одземена и ѝ предадена на Шумската полиција и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Полицијата го приведе С.А. (32) од Скопје, баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години, а во врска со чл. 236 ст.1 од КЗ.
С.А. ќе биде спроведен до надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Виничко: го удрил 15-годишник со мопед

Синоќа во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
Црна хроника
Скопјанец истепал малолетничка на паркинг на Средно Водно

Вчера во 16.50 часот на паркинг простор на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(44) од Скопје.
Тој бил претходно пријавен од З.С.(57) од Скопје.
Според полицијата, околу 16.20 часот, на паркингот неговата малолетна ќерка, при качување во автобус, била физички нападната од пријавениот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.