Црна хроника
Приведени девет лица поради пустошење шуми во атарот на селото Брест
Вчера, околу 9 часот, во атарот на с. Брест, Скопско, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и Единицата за брзо распоредување при МВР ги лишиле од слобода А. Ј. (20) од с. Арачиново, А. А. (21) од с. Арачиново, С. А. (52) од с. Чучер Сандево, Р. Ј. (23) од Скопје, Н. А. (23) од с. Чучер Сандево, С. С. (28) од с. Арачиново, Ј. А. (20) од с. Чучер Сандево, Х. А. (29) од с. Арачиново и Г. С. (28) од с. Арачиново.
Тие биле затекнати при вршење кривично дело пустошење шума, при што од нив биле одземени трактор, без регистарски таблички, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. А., натоварено со приближно 11 кубни метри огревни дрва, неколку моторни пили и секири.
Исто така, во истото време на местото наречено Раштански Бачила, по преземените мерки, полициски службеници пронашле три товарни моторни возила, два трактора и др., натоварени со речиси 43 кубни метри огревни дрва.
Одземените предмети ѝ биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

