Црна хроника
Приведени крадци во Кавадарци

Вчера, во 16.15 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т. К. (38) и Р. А. (26), двајцата од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
Тие, вчера, околу 15.20 часот, од куќата на Т. А. од Кавадарци одзеле паричник, во кој имало пари, картички и лични документи на оштетениот.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство во женското одделение во Идризово, осуденичка е тешко повредена

Во женското одделение во затворот „Идризово“, пред два дена, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Во пресметката, како што информираа од полицијата, учествувале осуденичките Х.Д. и Е.А., при што Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца гостиварци купиле ист стан, МВР го расчистува случајот

Двее лица од Гостивар на возрааст од 42 и 58 години, пријавиле дека биле измамени од Џ.С. – сопственик на градежна компанија од овој град.
Според пријвеното, тој на двајцата им продал ист стан во зграда во Гостивар.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазен пешак во Скопје

Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот П.Р.(72) од Скопје.
По случката, возачот со возилото го однел пешакот во неговиот дом, но подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на П.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.