Црна хроника
Приведени криумчари на мигранти
Денеска (3.10.2022) на автопатот Пријателство, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Б.К.(19) од с. Блаце, Скопско и Х.С.(28) од с. Грушино, Скопско.
Во возилото „бе-ем-ве” со француски национални ознаки, кое го управувал Б.К., биле откриени 12 лица мигранти од Сирија.
Во наведеното време, на наплатната станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање и продолжил со движење. Набргу било запрено возилото и тој се дал во бегство, но бил пронајден и лишен од слобода. Додека, Х.С. бил лишен од слобода затоа што со возило „мерцедес”, кое го управувал, бил во улога на претходница.
Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја претепал сопругата а потоа ја одзел нивната малолетна ќерка: кривична пријава за штипјанец
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Д.(21) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „одземање на дете“.
На 17.11.2025 во Штип, пријавениот, кој бил со уште две лица, физички ја нападнал неговата 23-годишна поранешна сопруга, а потоа со помош на едно од лицата ја одзел нивната малолетна ќерка.
Топ
Запленети 150 килограми марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свети Николе
Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Откако двајца од осомничените набавиле марихуана, ја сместиле во автомобил со странски таблички кое било купено за таа намена. Потоа го ангажирале третоосомничениот чија задача била со шлеп служба возилото со дрогата да го транспортира од Струга до Свети Николе.
Транспортот се реализирал на 26.1.2026 година при што двајцата осомничени биле претходница на шлеп возилото. Околу 22.30 часот на регионален пат во околина на Свети Николе од страна на полициски службеници биле запрени двете возила и при преглед во возилото што се транспортирало со шлеп службата во багажниот простор и задната клупа биле пронајдени 8 торби со марихуана, спакувана во 50 пакувања со вкупна тежина од 150, 0394 килограми.
Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерки за обезбедување присуство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог што судијата го прифати и со Решение им определи мерка притвор на тројцата осомничени.
Црна хроника
Мигранти од Грузија пронајдени кај Струга
Двајца мигранти од Грузија се пронајдени кај Струга.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00:20 часот, на регионалниот пат Радожда-Струга, лишени од слобода се Ј.К.(42) и П.Т.(41), двајцата од Република Грузија.
Од преземените мерки, констатирано е дека тие, оствариле илегален влез и незаконски престој на македонска територија, по што се задржани во полициска станица за натамошна постапка.

