Црна хроника
Приведени осум лица во Тетово, кај кои била најдена дрога
Полицијата синоќа привела осум лица кај кои при преглед е пронајдена дрога.
Имено, во близина на клучката за тетовски Групчин, од слобода биле лишени И.С.(25) и Д.Б.(40) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко возило „форд фиеста”, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им била пронајдена марихуана. Околу 20.30 часот, пак, на ул.„Илинденска” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(25), И.А.(32) и Р.Т.(22), тројцата од Тетово, кај кои биле пронајдени марихуана и нож, а на локалниот пат за гостиварското село Дебреше, во 00.30 часот на 27.03.2022, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода М.А.(19), Ј.Е.(19) и А.И.(20), сите од Дебреше, кои се превезувале со патничко возило „опел астра”, со гостиварски ознаки, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана.
Сите биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат поднесоци по член 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

