Црна хроника
Приведени разбојници од скопско – пронајдено оружје

Синоќа во 22.00 часот во н.Илинден, скопско, полициски службеници од Полициското одделени Петровец ги лишиле од слобода А.Н.(24) од н.Илинден и А.М.(23) од с.Марино, скопско.
Тие се сомничат дека околу 10.00 часот на железничка станица во Илинден со закана одзеле пари и мобилен телефон од А.Х.(29), Н.К.(21), В.У.(19) и еден малолетник, сите од Авганистан.
Кај нив биле пронајдени два пиштоли ЦЗ 99 калибар и две рамки со 10, односно 15 куршуми 9 мм. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Направил лажни клучеви за отворање врати, еден осомничен за тешка кражба во стан во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешка кражба од член 236 став 1 и Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 став 3 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 24 февруари, заедно со друго лице кое се уште не е идентификувано, со провалување во затворени простории одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Откако претходно осомничениот направил лажни клучеви за отворање врати, заедно со соизвршителот насилно делувале на бравата од влезната врата на стан на улицата “Даме Груев”. Штом отклучиле, влегле во станот, извршиле претурање и пребарување и одзеле 250 евра во разни апоени, како едно сребрено ташниче – несесер со накит, па го напуштиле местото на настанот.
Јавниот ообвнител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност од бегство.
Црна хроника
Пронајдено е исчезнатото 13-годишно девојче од Скопје

Вчера полицајци во скопското село Варвара го пронашле 13-годишеното девојче чија мајка пред два дена пријави дека ќерка ѝ исчезнала, соопшти МВР.
„На 24.02.2025 во 13:20 часот во с.Варвара, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле М.Р.(13) од Скопје. За неа на 23.02.2025 незјината мајка Е.Р.(52) од Скопје пријави дека се оддалечила од домот“, пишува во билтенот на МВР.
Црна хроника
Насилство во женското одделение во Идризово, осуденичка е тешко повредена

Во женското одделение во затворот „Идризово“, пред два дена, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Во пресметката, како што информираа од полицијата, учествувале осуденичките Х.Д. и Е.А., при што Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.