Црна хроника
Приведени седуммина шверцери од Пакистан, пронајдени 70 мигранти
 
																								
												
												
											Во периодот од 20 до 2.30 часот полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, СВР Струмица и од НЕКМТСЛ, во координација со Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, лишиле од слобода 7 мигранти од Пакистан поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривично дело шверцување мигранти во согласност со член 418-б од Кривичниот законик.
Имено, вчера, околу 17 часот, било пријавено дека на 1,5 км јужно од Негорци, во близина на Серменинска Река, се наоѓа поголема група мигранти од Сирија, која е во движење, предводена под присила од страна на неколку мигранти од Пакистан. Од страна на РЦ за ГР „Југ“ и СВР Струмица веднаш биле испратени полициски службеници на посочената локација, во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции. По детаљно пребарување на теренот, откриени се вкупно 77 мигранти (Сирија – 52, Пакистан – 13, Турција – 5, Ирак – 5 и Индија – 2), а меѓу нив и седумте мигранти од Пакистан, кои биле посочени како водичи на групата.
За случајот е известен јавен обвинител од ОЈОГОК – Скопје, а денеска (27.10.2023) против седумте мигранти од Пакистан е поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Топ
Уапсен возачот кој удри 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ и избега
 
														Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје.
Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Крадец влегол преку незаклучена врата: ѝ го украл накитот на скопјанка, ја турнал и побегнал
 
														Ноќеска во 22:50 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од скопско пријавила дека на 25.10.2025 околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице влегло преку незаклучена врата.
Откако влегло лицето и одзело личен накит, а откако пријавителката го затекнала, лицето ја турнало и се дало во бегство.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазена 76-годишна скопјанка
 
														Вчера околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											