Црна хроника
Приведени тројца дрвокрадци од Неготинско, пронајдени приближно 28 кубни метри огревно дрво без документација
Вчера, во 17.30 часот, на местото наречено Бела Вода, атар на с. Калањево, Неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода Х. Ч. (27) од Неготино, С. С. (68) и А. А. (56) од с. Тимјаник, Неготинско, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело кражба.
При преглед на теренот, во дворно место од викенд-куќа на Х. Ч., биле пронајдени околу 12 кубни метри огревно дрво без документација, пила и други предмети поврзани со делото. Во близина исто така биле пронајдени и две тракторски приколки натоварени со 10-ина кубни метри огревно дрво, сопственост на С. С. и А. А., и дополнително околу шест кубни метри дрво во близина на приколките, сите без документација.
За настанот била известена Шумската полиција, а дрвата, приколките и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

