Црна хроника
Приведени тројца шверцери од Косово, пренесувале мигранти од Сирија
Во 3.25 часот, на автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучката Демир Капија, во координирана акција на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, од слобода биле лишени Р. О. (21), Б. Ц. (26) и К. Ф. (26), сите од Косово.
Околу 3.05 часот, во близина на Гевгелија, при преземање службени дејства, полициски службеници забележале како во комбе „форд“, со косовски национални ознаки, кое го управувал Р. О., влегуваат повеќе лица мигранти. На даден знак за запирање возилото продолжило со движење и при преземањето дополнителни мерки за негово сопирање, патничко возило „фолксваген тигуан“, со косовски национални ознаки, во кое биле Б. Ц. и К. Ф., на автопатот ги попречувало службените полициски возила. По тунелот „Јаворица“, од возилото „форд“ излегле лица мигранти, а возилата продолжиле со движење.
Од страна на полициски службеници на местото биле затекнати девет мигранти од Сирија, кои потоа се пренесени во прифатен центар за странци во Скопје, а набргу, кај клучката Демир Капија, двете возила биле запрени и лицата во нив биле приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

