Топ
Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин.
„На 22 септември, во периодот од 10.30 до 11 часот, на автобуската постојка на улицата 11 Октомври во Скопје, Ј. П (67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот ѝ биле одземени две златни синџирчиња. По преземените мерки од страна на полициски службеници, сторителите биле пронајдени и од нив биле одземени синџирчињата“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и дека следниот пакет санкции против Москва треба да биде готов до следниот месец, објавува The Guardian.
Зборувајќи по виртуелниот самит на Европскиот совет за војната во Украина, еден ден по вонредниот состанок на украинските и неколку европски лидери со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, Калас нагласи дека „единството меѓу лидерите на ЕУ на денешниот виртуелен самит беше опипливо“.
Таа додаде дека ги ставила темите за безбедноста на Украина и санкциите против Русија на врвот на агендата за разговорите следната недела меѓу европските министри за надворешни работи и одбрана.
„На Путин не може да му се верува дека ќе одржи какво било ветување или обврска. Затоа, безбедносните гаранции мора да бидат доволно силни и веродостојни за да ја одвратат Русија од прегрупирање и повторно напаѓање“, напиша Калас на социјалната мрежа X.
Македонија
Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Свет
Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов да присуствува на мировна конференција, изјави швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис.
Минатата година, федералната влада дефинираше правила за давање имунитет на лице за кое е издадена меѓународна потерница.
„Ако тоа лице дојде на мировната конференција, а не од приватни причини“, рече Касис на прес-конференција со италијанскиот колега Антонио Тајани во Берн.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја спомена можноста за мировен самит меѓу Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски да се одржи во Европа, и тоа би била една од неутралните земји, можеби Швајцарија. Тој додава дека се залага тоа да биде Женева, инаку и европското седиште на ОН.
Касис е целосно подготвен да организира таков состанок, истакнувајќи ја швајцарската експертиза во оваа област. Сепак, тој додава дека Русија е навредена од Швајцарија.
Имено, таа инаку неутрална европска земја одлучи да воведе санкции кон Москва во согласност со Европската Унија по руската инвазија на Украина во 2022 година.
„Постојано потсетував на мојата подготвеност (да организирам состаноци) за време на контактите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во последните месеци (…) Ми беше кажано дека откако Швајцарија усвои европски санкции, тие природно изгубија дел од желбата да го сторат тоа во Швајцарија“, призна шефот на швајцарската дипломатија.