Црна хроника
Приведени четири малолетници што напаѓале низ Центар во Скопје
На 06.04.2024 во 22.15 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, при што кај еден од нив бил пронајден и одземен нож. Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела на подрачјето на Центар.
Се сомничат дека 05.04.2024 околу 22.00 часот во Градски трговски центар физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје и дека истиот ден околу 22.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнале друг малолетник од Скопје. Исто така, тие се сомничат дека на 06.04.2024 околу 20.00 часот во Градски трговски центар физички ги нападнале Л.Т.(20) и 19 – годишната С.А., двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

