Црна хроника
Приведени 12 женски лица во локал на автопатот Тетово-Скопје

Во акциската контрола во угостителски објект, лоциран во близина на автопатот Тетово-Скопје, ноќеска полицијата привела 12 женски лица на возраст од 20 до 40 години.
Тие биле од Србија, Албанија и Бугарија, а се приведени во полициската станица во Тетово, од каде ќе бидат предадени во Отсек за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Фото) Запленети поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, двајца уапсени

Денеска околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово.
При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички. Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Судир меѓу „сузуки марути“ и „ауди“: тешко повредена жена од Струга

Вчера околу 19:55 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат А2, пред кружен тек, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки марути“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(73) од Струга и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „марути“, Т.П.(76) од Струга, констатирани во Медицински центар Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Скопје: три лица со повреди пренесени во болница

Вчера околу 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „11 Октомври“ со улицата „Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(64) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(53) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сузуки“, С.П.(73) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.