Топ
Приведени 26 жени од странство кои нелегално работеле во кафеани во Тетово и Гостивар

Во периодот од 22 часот вчера до четири часот утринава, полицијата и инспекциски служби на подрачјето на Тетово и Гостивар спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти каде престојувале и нелегално биле вработени странски државјанки. При акциска контрола приведени биле 26 жeни на возраст од 20 до 46 години.
Како што соопшти МВР, при контролата во угостителските објекти биле затекнати 39 женски лица, од кои 13 од Македонија, а 26 странски државјанки.
Од нив 11 биле државјанки на Србија, девет на Албанија, четири на Бугарија и по една државјанка на Босна и Херцеговина и на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – се чекаат детали од Министерството за здравство

Четири лица се здобиле со повреди во пожарот што вчера избувна во компанијата „Ф-Групација“ во Трубарево, која се занимава со складирање на електричен и електронски отпад.
Информацијата ја соопшти на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева.
Таа најави дека дополнителни податоци за здравствената состојба на повредените ќе бидат презентирани од министерот за здравство Азир Алиу 13 часот.
Македонија
Обвинителство чешла документи, Армијата мери токсини по пожарот во Трубарево, се чека и на резултатите од министерството на Меџити

Во врска со големиот пожар што зафати магацински објекти во селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека презеле дејствија за утврдување на фактите и обезбедување на докази за понатамошната постапка.
Јавниот обвинител упати барање до Началникот на Генералштабот на Армијата за ангажирање на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана. Припадниците на единицата со специјални инструменти извршија мерења и детекција на хемиска и токсична контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот.
Првичните резултати од мерењата веќе се доставени до обвинителството. Од Обвинителството образложија дека се работи за истите резултати кои синоќа ги презентираше министерот Панче Тошковски, и врз основа на кои на жителите од Трубарево им беше препорачано да го напуштат живеалиштето. Според овие резултати, во непосредна близина до 150 метри на центарот од огнот регистрирано е високо ниво на штетни супстанци и е високоризично. До 200 метри е средно ниво на опасност, а на оддалеченост до 400 е ниско ниво на опасност.
Покрај тоа, се очекуваат и резултати од надлежните служби при Министерството за животна средина, кои ќе дадат дополнителни податоци за степенот на загаденоста.
Обвинителството издаде наредби за прибирање на целокупната документација за работата на компанијата во чии магацини настана пожарот. Во наредниот период, откако ќе се обезбедат информации за видот на складираните материјали, ќе биде наредено и вештачење за да се утврди видот на контаминацијата и последиците врз животната средина.
Моментално, во опожарениот објект не постојат услови за увид на лице место поради опасноста, а полициските службеници и натаму го ограничуваат пристапот на сите неовластени лица и лица без соодветна заштитна опрема.
Топ
МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди” со намера да ги запали.
Откако реагирал лицето побегнало и не успеало во намерата.
МВР го бара сторителот.