Црна хроника
Приведено лице во Куманово по распишана централна потерница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/lisici-apsenje-policija.jpg)
Во текот на вчерашниот ден, во 22.30 часот, во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В. И. (49) од село Биљановце, Кумановско.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор К’шање“ за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Возило излета од патот Битола – Демир Хисар, тешко повредени две лица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/soobrakajka.jpg)
Вчера во 07.00 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, на место викано „Чагор“, патничко возило „фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Н.Р. од Крушево, излетало надвор од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници М.К.(18) од с.Врбоец, крушевско и П.Р.(45) од Крушево, констатирани во Клиничка болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/marihuana-zaplena-5.jpg)
Вчера во 16.45 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода 42-годишниот Н.Ј. од Свети Николе, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети поврзани со кривичното дело“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
„Опел астра“ удри во велосипедистка: тешко повредена тетовка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/velosipedist.jpg)
Вчера околу 21.10 часот на регионален пат Тетово – село Волковија, поточно кај тетовска Брвеница, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Б.С. од тетовско Прељубиште и велосипед управуван од 57-годишната Р.Р. од Тетово, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Р., констатирани во Клиничка болница Тетово“, соопшти МВР.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.