Црна хроника
Приведено лице од Валандовско: со запалива течност предизвикал пожар во куќа, а кога бил забележан од сопствениците, со спреј испрскал еден од нив
Вчера, во 11.30 часот, во село Удово, Валандовско, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода К. Ш. (23) од с. Удово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност по член 288 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека околу 8.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П. Л., а кога бил забележан од сопствениците, со спреј испрскал еден од нив и го напуштил местото.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца кавадарчани за сторено кривично дело „лихварство“
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари за што оштетениот доставил и докази.
Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода.
Црна хроника
Крадец влегол во куќа во Битола, го затекнал сопственикот
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба против едно лице на возраст од 36 години.
На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

