Црна хроника
Приведено лице од Косово, се обидело да поткупи полициски службеник на граничен премин
Денеска, на граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата кон Косово, полициски службеници го лишиле од слобода косовскиот државјанин С. Ј. (56).
Тој управувал патничко возило комби „фолксваген“, со косовски национални ознаки, а при проверка на возилото била пронајдена поголема количина стока што ја превезувал, а за која не поседувал никаква документација.
Притоа тој му понудил на полицискиот службеник да го почести ставајќи му пари во својата косовска патна исправа, информира полицијата.
По ова, С. Ј. бил приведен, а по документирање на случајот од страна на Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи „Север“ против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

