Црна хроника
Приведено лице од Струмица, осудено на тригодишна затворска казна: бил баран со потерница поради бегство

Денеска во 14.30 часот на ул.„Манапо“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(49) од Скопје, со живеалиште во Струмица.
Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Штип поради бегство.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за издржување на казната, соопштија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Неовластено навлегла во електронскиот систем на банката и со туѓа картичка од банкомат подигнала пари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Македонска Каменица.
Таа се сомничи за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 09.06.2025 до 30.06.2025, пријавената во шест наврати неовластено навлегла во електронски систем на банка и со картичка на лице од село во општина Зрновци, од банкомат во истото село подигнала вкупно 52.000 денари, кои противправно ги присвоила.
Топ
Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(60) од Делчево, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Црна хроника
Возеле пијани и предизвикале сообраќајни несреќи – приведени двајца возачи од Берово и од Кочани

Двајца возачи се приведени поради управување возило под дејство на алкохол и предизвикување сообраќајни незгоди.
Вчера во Кочани, приведен е А.М. (58) од овој град. Околу 18 часот, тој со „мерцедес“ удрил во паркирано возило „форд“. При увидот било утврдено дека управувал со 1,93 промили алкохол во крвта.
Утрово во 03:20 часот, во атарот на село Чифлик, Берово, полициски службеници ја лишиле од слобода В.К. (23) од Берово. Таа околу 02:50 часот изгубила контрола над „матиз“ и излетала од патот. При увидот било утврдено дека управувала автомобил со 1,59 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.