Црна хроника
Приведен дилер од Велес, пронајдена дрога
Синоќа во 22.05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Р.(19) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.
Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот
57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград.
Според српски Телеграф, на патникот му се слошило за време на летот.
Персоналот му пружил прва помош, но тој не реагирал.
Кога авионот слетал, лекарите на аеродромот можеле само да ја потврдат неговата смрт, објавија српските медиуми.
фото: принтскрин
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

