Црна хроника
Приведен жител од Липковско за издржување на казна затвор од три години

Денеска во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Kуманово, врз основа на судска наредба, го привеле М.С.(68) од с.Руница, општина Липково, за издржување казна затвор од три години за „убиство” во обид, предвидено и казниво по член 123 став 1, во врска со член 19 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на затворската казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Приведен 19-годишниот возач поради несреќата на автопатот кај Тетово во која жена загина на лице место

Приведен е 19-годишен возач, по сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар, во која животот го загуби 81 годишна жена од Охрид, со иницијали Д.М..
Младиот возач (А.А) од Градец, управувал „мерцедес“ со словенечки регистерки ознаки, кога на автопатот се судрил со „пежо“ во кое сопатник била жената која починала на местото на настанот.
Возачот на „пежото“ и уште еден сопатник – и двајцата од Охрид, биле пренесени во болница со тешки повреди.
Од МВР информираа дека извршен е увид од припадници на гостиварската полиција и јавен обвинител, по чијашто наредба возачот е приведен и против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Охриѓанка загина во сообраќајката на автопатот кај Тетово, има и повредени

Охриѓанка на возраст од 81 година го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на автопатот Тетово-Гостивар.
Според информациите од СВР Тетово, во несреќата две лица се здобиле со тешки повреди.
До сообраќајката дошло кога се судриле две возила од кои едното „пежо“ управувано од 47-годишен охриѓанец, а зад воланот на вториот автомобил – „мерцедес“ со словенечки национални ознаки – седел 19-годишник од Гостивар.
Жената која била сопатничка во „пежото“ загинала на лице место, а тешко повредените се возачот од истото возило, како и уште еден сопатник – сите од Охрид.
АМСМ претходно соопшти дека сообраќајот е затворен.
Црна хроника
24-годишен кумановец почина на Клиника

Млад кумановец почина на скопските клиники.
– На 03.03.2025 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ починал Т.К.(24) од Куманово. Според пријавеното, тој бил хоспитализиран на 24.02.2025 поради влошена здравствена состојба.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.