Црна хроника
Приведен крадец во Гостивар, дел од украденото пронајдено и вратено на сопственикот

Синоќа во 23.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Т.(54) од Кавадарци, со живеалиште во Гостивар.
Тој се сомничи дека во периодот од 12.00 до 13.00 часот во помошна просторија од куќа на Р.Н.(71) од Гостивар извршил кражба, при што одзел околу 7.000 евра во разни апоени.
Кај него биле пронајдени и одземени дел од парите.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен возачот кој денеска удри 12-годишно девојче во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 39-годишниот Х.Х. од село Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на булеварот „Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило „голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка.
Црна хроника
Возило удри во мопед во Скопје: повредени возачот на мопедот и негов сопатник

Вчера околу 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народни херои“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(34) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(22) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.Ф.(22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец уплатил пари за да купи работна машина: останал и без пари и без машина

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.
На 25.05.2024, едно лице од Тетово стапило во контакт со пријавениот преку социјална мрежа и се договориле да купи работна машина, при што парите му ги уплатил на трансакциска сметка во банка, на едно лице, за која пријавениот тврдел дека е негова сопруга.
Откако парите биле уплатени, оштетениот не успеал да стапи во контакт со пријавениот.