Црна хроника
Приведен крадец во Гостивар

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера, околу 19.50 часот во Гостивар го лишиле од слобода С. С. (43) од Република Албанија.
Тој се сомничи дека на 7 август годинава извршил тешка кражба во куќа во гостиварско Форино. С. С. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 62-годишен штипјанец: ја истепал снаата

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанка во својот двор во Кисела Вода пронашла куршум, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, 37-годишната Е.П.И. од Скопје пријавила дека во нејзиниот двор на подрачјето на Кисела Вода пронашла заталкано зрно од огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбена златарница во Градскиот трговски центар во Кочани

Денеска во 03.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во периодот од 20.00 часот на 22.02.2025 до пријавувањето, со употреба на сила и погоден алат било влезено во златарница во Градскиот трговски центар во Кочани и биле одземени накит и часовници.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.