Црна хроника
Приведен крадец во Куманово

На 7.9.2022 околу 10:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.З.(29) од Куманово.
Околу 10:15 часот тој одзел предмети од патничко моторно возило во близина на автобуската станица во Куманово, а потоа бил фатен од полициски службеници при обид да одземе предмети од друго патничко моторно возило на улица Доне Божинов во Куманово.
Д.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен возач од Скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на „Џон Кенеди“ во Скопје

Денеска во 00.30 часот на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 57-годишниот Ф.А. од село Визбегово, скопско.
На 09.05.2025 околу 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.
Црна хроника
Приведен стружанец, пијан возел мотоцикл и излетал од патот

Вчера во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода 36-годишниот И.М. од Струга.
Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.
Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.