Црна хроника
Приведен крадец кој ограбувал каса во продажен објект

Кавадарчанец бил приведен но полиција откако бил фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера попладне во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода кавадарчанецот Ј.Ф.(22) , кој во продажен објект во градот бил фатен од вработен, во обид да одземе пари од касата во објектот. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Судир меѓу три возила во Тетово: едно лице со тешки повреди пренесено во болница

Вчера во 14:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(53) од Тетово, патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(46) од Тетово и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(36) од с.Непроштено, општина Теарце.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Топ
Жени се истепаа во автобус на ЈСП, во друг инцидент, скопјанец нападнат од четири лица

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишната К.Т. од Куманово и 47-годишната Б.С. од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Г.(41) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Изгоре „пежо“ во Гази Баба, нема повредени

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 13:30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на патничко возило „пежо“, сопственост на 37-годишниот К.М. од село Бучинци, скопско.
Пожарот е изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Извршен е увид.