Црна хроника
Приведен крадец на уметнички слики, дел од одземеното вратено на сопственикот

Приведен е 33-годишен скопјанец по кого била распишана локална потерница поради кражба на уметнички слики.
Според информациите од МВР, Е. Д. извршил две тешки кражби на уметнички слики на 26 и 27 јуни годинава.
Дел од украдените уметнички слики е пронајден и вратен на сопственикот.
Е. Д. е задржан во Полициската станица Центар и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело тешка кражба, казниво по член 236 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.