Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница
Во 09.05 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода М.Л.(50) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години и два месеца за сторено кривично дело во врска со чл. 418 -б, 418-в (трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти) и член 273 (перење пари).
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани
Околу 04.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Морани, во викенд населбата, гори куќа, сопственост на Р.Н.(66). На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција. Во 09.30 часот пожарот бил изгаснат.
Црна хроника
Тинејџер повреден со остар предмет во автобус на ЈСП од неколку малолетници
Вчера во 22.00 часот во СВР Скопје, Б.О.(18) од с.Никиштани, скопско, пријавил дека околу 18.20 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од неколку малолетници, а еден од нив му нанел повреди со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Мајка од Свети Николе си ја наведувала малолетната ќерка на проституција, за што добивала паричен надомест
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, поднесе кривична пријава против Љ.Н.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Пријавената, во периодот од 2020 до 24.10.2024, ја наведувала нејзината малолетна ќерка на проституција, за што добивала паричен надомест.