Црна хроника
Приведен криминалец од тетовско баран со потерница

Синоќа во Тетово е приведен 61-годишен жител на село Пирок, кој се барал со потерница за издржување казна затвор во траење од една година.
„ На 06.03.2021 во 20 часот во Тетово полициски службеници од ПС Тетово го приведоа Н.Ш. (61) од с. Пирок кој се барал со потерница за издржување на казна затвор во траење од една.година за кривично дело по член 396 од КЗ на РСМ“ соопшти МВР.
Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден малолетник: возило излетало од патот Дреново-Градско

На 13.07.2025 околу 13.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Дреново-Градско, пред приклучокот за автопатот А1, Градско-Велес, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(27) од Скопје, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Куманово, додека со повреди се здобиле возачот и другиот сопатник М.Р.(18) од Куманово, констатирани во Општата болница во Велес.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од jавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес.
Топ
МВР со детали за пожарот во Злокуќани: опожарени шест куќи, малолетник е повреден, а неколкумина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Скупи“ во Скопје настанал пожар во кој биле опожарени шест куќи, додека на две куќи биле зафатени делови.
Во пожарот малолетник се здобил со повреда и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Во истата болница била пренесена и Ш.С.(34) поради вдишување на чад. Исто така, Р.С.(69), Х.Х.(49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.
Црна хроника
За шест часа изречени 600 санкции за брзо возење во државата

Во текот на вчерашниот ден (13.07.2025) во периодот од 15.00 до 21.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 600 возачи.
Од нив 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 349 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 251 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.