Црна хроника
Приведен шверцер на мигранти од Зелениково
На автобуска постојка на влез во село Прдејци, Гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 37-годишниот М. Ѓ. од село Пакошево, општина Зелениково, извести МВР.
„Имено, околу 15.40 часот, на регионалниот пат Прдејци – Смоквица, полициските службеници затекнале 24 лица мигранти. По извршен разговор со нив, било констатирано дека М. Ѓ. ги превезувал со возило комбе ‘форд транзит’, со гевгелиски регистарски ознаки, со кое запрел на наплатната рампа ‘Смоквица’ и побегнал. По преземените мерки, возилото било пронајдено и во негова близина биле затекнати седум лица мигранти по што бил пронајден и возачот М. Ѓ.“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле привремено сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

