Црна хроника
Приведен криумчар на мигранти од Кина откако бегајќи од полицијата удрил во канделабра
Денеска (09.03.2024) околу 11 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на Гевгелија, полициски службеници од РЦ ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш. (24) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што во неговото патничко моторно возило „порше“ со скопски регистерски таблички превезувал шест лица- мигранти од Кина.
На даден знак за запирање од полициските службеници, Ќ.Ш. не го запрел возилото и продолжил со движење, по што изгубил контрола и удрил во канделабра, во близина на бензинска станица.
Во возилото се пронајдени шест лица од Кина, а двајца од нив биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош.
Поради постоење на основи на сомневање дека Ќ.Ш. сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл.418-б ст.2 од КЗ, тој е лишен од слобода, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето
Вчера во 10.06 часот во СВР Скопје, 47-годишниот Б.П. од Скопје пријавил дека околу 09.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот сосед, 64-годишниот З.К. од Скопје пукал со воздушна пушка и погодил мачка, сопственост на пријавителот, извести МВР.
Со пријавениот бил извршен службен разговор и од него била одземена воздушната пушка, дијаболи и потврда за пријавено оружје, сопственост на неговиот син, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец измамен за 800 евра
Вчера во 08.30 часот во СВР Тетово, 38-годишен тетовец пријавил дека на 22.04.2024 бил измамен од едно лице за сума од 800 евра, извести МВР.
„Според пријавеното, лицето дошло во неговиот деловен објект и му понудило мобилен телефон за сумата, за што му приложил и фактура. Како што е пријавено, тој одлучил да го купи телефонот, а откако се обидел да го активира кај неколку сервисери, тие му кажале дека телефонот не е оригинал и сфатил дека бил измамен“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“, нема повредени
Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, извести МВР.
Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.