Црна хроника
Лишени од слобода насилници од Скопје
На 08.03.2024 во 19.40 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Е.(30) од Скопје, а денеска (09.03.2024) во 09.25 часот биле лишени од слобода И.Е.(27), Х.Е.(48) и Б.Е.(23) сите од Скопје, поради тоа што на подрачјето на Бит Пазар со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди. По целосно расчистување на случајот, до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.