Црна хроника
Приведен шверцер од Србија, пронајдени мигранти од Сирија во близина на Неготино
Денеска, во 12.15 часот, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М. Н. (30) од Република Србија.
При контрола во патничко возило „форд мондео“, со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар.
По целосно документирање на случајот, против М. Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведено лице од Битола барано со потерница
Денеска во 14.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, го лишија од слобода С.Р.(31) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци.
Лицето, како што соопшти полицијата, ќе биде спроведено во казнено поправната установа Затвор Битола.
Црна хроника
Малолетници се степале во автобус на ЈСП
Денеска во 11.30 часот во СВР Скопје, М.М.(53) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 30.09.2024 околу 13.55 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син и двајца негови малолетни другари биле физички нападнати од други малолетници, кои употребиле и тврд предмет.
Според МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен малолетник: со нож повредил друг малолетник во скопски Карпош
Вчера во 12.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода малолетник од с.Чајлане, скопско, поради сомнение дека околу 07.30 часот на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, со остар предмет нападнал малолетник од с.Семениште, скопско, и му нанел убодна рана.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.