Црна хроника
Приведен маж од Неготино, ја вознемирувал поранешната партнерка
Неготинец бил лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување на поранешна партнерка, информираа денеска од СВР Велес.
„Вчера во 16.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од страна на неговата поранешна 37-годишна партнерка од тој град. Според пријавеното, З.М. не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување, дошол во нејзиниот дом и по кратка расправија скршил прозорец од домот. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Струмичанец со тројца малолетници нападнал сопружници во нивниот дом и го избол мажот
Триесет и седумгодишниот Е.М. од Струмица, заедно со тројца малолетници физички ги нападнале Е.И.(23) и неговата сопруга во нивниот дом.
„Е.М. со остар предмет му нанел повреда на Е.И.. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, објави МВР.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со мотицикл излетал од патот Новаци – Македонски Брод, тешко повреден возачот
Вчера во 16.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Новаци – Македонски Брод мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Љ.К.(67) од с.Тепавци, општина Новаци, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Возило на патот Велес – Градско излетало од патот, тешко повреден возачот
Вчера во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Г.(29) од Велес, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Г., а неговиот сопатник Б.Е.(27) од Велес се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.