Топ
Приведен насилникот кој нападна снимател на ТВ 24
Приведен е сопственикот на куќата, на која е пријавен украинецот Олександр Онишченко, за напад врз снимателот на ТВ 24.
Се работи за 67-годишниот М.П. од Скопје, кој беше пријавен од снимателот на телевизијата – Љ.И. (42) од Скопје, дека денеска околу 14.20 часот на ул. Пржино во Скопје бил физички нападнат од М.П..
„ Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје преземени се мерки и активности и напаѓачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а по извршената консултација и добиените насоки од јавен обвинител, против М.П: ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „Насилство“ по чл. 386 од КЗ“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда
Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата.
Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а каде што посочи дека лица блиски до Кичеец му се закнуваат.
Јовановски вели дека Кичеец е човек што згрешил пред законот, а не одговарал за тоа и неговата реакција е очекувана.
„Ова е почеток на една битка и разрешница со цела криминална банда, а во оваа криминална банда еден од предводниците е Зоран Милевски-Кичеец“, рече Јовановски.
Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ ги оцени наводите на Кичеец како неосновани и укажа дека за лажното пријавување очекува одговорност.
Како што појасни Туфегџиќ, пријавата се однесува на три кривични дела – загрозување на сигурноста, демнење и кривично дело лажно пријавување. Ги отфрламе сите наводи, рече Туферџиќ, бидејќи сметаме дека не постојат законски основи за понатамошно процесирање.
Јовановски претходно на „Фејсбук“ објави дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе неколку дена кон него дејствуваат преку разни форми на закани и притисоци со цел да го откаже второто гостување во поткастот кај Лазаров. Воедно, како што објави Јовановски, заканите и уцените кулминирале кога пред влезот на неговиот стан го пречекале две лица да му пренесат порака од Кичеец.
Топ
Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае.
Во несреќата учествуваа две возила, од кои едното е преполовено од силата на ударот.
Според информациите од МВР, со возилата управувале 32-годишна скопјанка и 27-годишник, и двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Додека другиот возач и неговиот сопатник се здобиле со телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Свет
Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен
Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој се граничи со Египет, и дека специјалните сили ја проверуваат областа.
Армијата соопшти дека од синоќа силите „оперираат“ во источниот дел на Рафа, каде што повеќето луѓе и некои меѓународни организации се евакуирани.
Во раниот утрински брифинг со новинарите беше речено и дека преминот Керем Шалом утрово е затворен од безбедносни причини и ќе биде отворен кога ќе дозволи безбедносната ситуација. Портпаролот на граничната служба во Газа изјави дека израелски тенкови се распоредени долж преминот Рафа.
Тројца хуманитарни извори за Ројтерс изјавија дека протокот на хуманитарна помош преку преминот е запрен.