Топ
Приведен охриѓанец поради убиството во Велгошти
Охриѓанец е приведен во врска со убиството на жена во Велгошти. Охридската полиција информира дека тој е приведен синоќа во Струга, по што, во консултација со јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот. По наредба на јавен обвинител, денеска, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.
Вчера во 16.37 часот во полициската станица Охрид било добиено телефонско известување за казнено дело „убиство“. Жртвата е 47-годишната Б.П. чие тело е пронајдено во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти.
Безживотното тело на жената го пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. Според Јавното обвинителство, на телото биле видливи траги на насилство.
По наредба на Јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги што ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице. Се трага по сторителот.
На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре
Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата за „организирана кражба“ ја водат Париската бригада за сузбивање на разбојништва (BRB) и Централната канцеларија за борба против трговијата со културни добра (OCBC), објави Ле Паризијен.
Осомничените, двајца мажи на возраст околу 30 години од департманот Сена-Сен-Дени, наводно биле дел од четворочлена група која провалила во галеријата „Аполон“, каде се изложени драгоцености на француската круна, меѓу кои и накитот на царицата Евгенија.
Според Телеграф, детективите утврдиле дека се работи за кражба со помош од внатре, бидејќи еден од чуварите бил во контакт со крадците пред нападот.
„Постои дигитален доказ кој покажува дека чувар на музејот соработувал со крадците и им дал информации за безбедносниот систем“, изјавил извор близок до истрагата.
Директорката на музејот, Лоренс де Кар потврдила дека ниедна камера не го надгледувала балконот преку кој провалниците влегле:
„За жал, од страната на галеријата Аполон единствената камера е насочена кон запад и не го покрива балконот погоден од провалата“, изјавила таа.
Париската обвинителка Лор Бекo потврдила дека се земени повеќе од 150 ДНК и папиларни траги. Дел од преостанатите експонати се пренесени во трезорот на Банката на Франција, а истрагата ја следи и израелската фирма „ЦГИ Груп“, позната по решавањето на кражбата во Дрезден.
„Очигледно сакаме што побрзо да ги уапсиме сторителите и да го вратиме накитот пред да биде растопен. Ги стражуваме сите можности“, изјавила Беко.
Фото: Пиксбај
Свет
Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне конкретен договор за мир меѓу Русија и Украина.
Иако претходно се очекуваше двајцата ќе се сретнат во Будимпешта, до средбата не дојде и истата е одложена.
„Морам да знам дека ќе постигнеме договор. Нема да губам време“, изјави Трамп во авионот „Ер форс“.
Тој додаде дека секогаш имал одличен однос со Путин, но дека ситуацијата е разочарувачка. Последната средба на 15 август на Алјаска беше оценета како продуктивна.
Во меѓувреме, нападите врз Украина продолжуваат — во најновите руски ракетни и дрон-напади загинале најмалку четири лица, а 20 се повредени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД нови санкции против целиот руски нафтен сектор и ракети со долг дострел.
„Ројтерс“ вчера објави дека американската администрација подготвила дополнителен пакет санкции против руската економија, вклучувајќи банки и нафтна инфраструктура, што ќе се активира доколку Москва продолжи да го одолговлекува мировниот процес.
Извори за Ројтерс наведуваат дека Вашингтон разговара со европските сојузници и за користење на замрзнатиот руски имот за набавка на американско оружје за Киев.
Рускиот пратеник Кирил Дмитриев кој се наоѓа во Вашингтон вчера изјави дека Москва, САД и Украина се блиску до дипломатско решение, додека украинската страна ги поздрави новите санкции.
Свет
Трговските преговори меѓу САД и Кина се во тек
Главниот кинески трговски преговарач Ли Ченгганг и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг пристигнаа во Куала Лумпур за вториот ден од трговските разговори меѓу САД и Кина.
Кинеските економски претставници се состануваат со американскиот секретар за финансии Скот Бесант и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир на маргините од самитот на Здружението на земјите од Југоисточна Азија за деескалација на трговската војна.
Двете најголеми економии во светот се обидуваат да избегнат ескалација на трговската војна откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови 100 проценти царини за кинески стоки и други трговски ограничувања почнувајќи од 1 ноември како одмазда за значително проширените контроли на извозот на минерали од страна на Кина.
Портпаролот на Министерството за финансии на САД им рече на новинарите во саботата дека првиот ден од разговорите бил „многу конструктивен“. Позитивен исход од разговорите би ги отстранил пречките за средба меѓу Трамп и кинескиот претседател Шји Џинпинг.

