Црна хроника
Кај дилер од Скопје пронајдени 13 пакувања кокаин
Полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје вчера лишиле од слобода 38-годишен скопјанец со иницијали Г.М.
Како што информираат од МВР, по добиени информации дека тој набавувал дрога во поголеми количини која ја препакувал и ја продавал, со судски налог бил извршен претрес во домот во кој живее и неговата гаража, при што биле пронајдени и одземени 13 пакувања кокаин, 7 пакувања кристал мет, 1 пакување екстази и ќесички со марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана.
По документирање на случајот против Г.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во струшко, пронајдени дрога и куршуми, уапсен 28-годишник
Вчера во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода 28-годишниот Д.Р. од истото село.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски
Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне.
„Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук.
40-годишниот прилепчанец Виктор Илиоски, кого семејството го пријави дека исчезнал, попладнево е пронајден починат во кругот на болницата во Прилеп, соопшти МВР.
„Денеска (16.02.2026) во 16:00 часот во СВР Битола пријавено е дека во кругот на ГОБ Прилеп пронајден бил В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот. Лицето на 15.02.2026 година било пријавено за исчезнато лице. Од Итна медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител по чија наредба телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени две жени од Грција, краделе козметика во трговски центар во Аеродром
Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.
Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором украле повеќе козметички производи.
По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.

